Филтри за вода и хлорирање: Како да го отстраните хлорот од вашата вода
Квалитетот на водата е од витално значење за нашето здравје. Водата што ја консумираме и ја користиме секојдневно мора да биде чиста и безбедна. Една од најчестите грижи со кои се соочуваат потрошувачите е присуството на хлор во водата, но не само тоа. Хлорирањето на водата е процес на дезинфекција што широко се применува за уништување на патогени микроорганизми. Сепак, долготрајната консумација и контакт со хлор може да имаат негативни последици врз нашето здравје. Во овој текст ќе разгледаме како можеме да ги отстраниме 100% нивоата на хлор и други хемикалии од нашата вода со помош на сертифицираните филтри за вода на Camelot®, како што се филтерот за чешма Imperial® Plus и филтерот за бања и туш Imperial® Shower.
Што е хлорирање и зошто се користи?
Хлорирањето е процес при кој во водата се додава хлор за да се уништат бактериите и другите патогени микроорганизми. Употребата на хлор значително го подобри јавното здравје, намалувајќи го ширењето на болести што се пренесуваат преку вода. Сепак, хлорот и неговите нуспроизводи, како што се трихалометаните (THMs), можат да имаат негативни последици врз човечкиот организам, како иритации на кожата, проблеми со дишењето, бубрезите, па дури и зголемен ризик од рак и друго.
Како можеме да го отстраниме хлорот од нашата вода?
Отстранувањето на хлорот од водата е возможно преку различни сертифицирани методи на филтрација. Camelot® нуди иновативни решенија со своите филтри за прочистување на вода, кои го подобруваат квалитетот на водата со отстранување на 100% од нивото на хлор и другите хемикалии.
1. Imperial® Plus – филтер за чешма
Imperial® Plus на Camelot® е не’рѓосувачки уред што содржи филтер за прочистување на водата од чешма, обезбедувајќи супериорен квалитет на вода за пиење, готвење и миење храна. Овој филтер користи напредна повеќеслојна технологија (850 гр. активен фармацевтски јаглен и повеќекратни природни мембрани со пори од 0,1 micron) за да отстрани 100% од хлорот, тешките метали, хемикалиите и другите штетни супстанции од водата.
Карактеристики на Imperial® Plus:
- Активен компримиран јаглен од 850 грама со висок квалитет: Активниот компримиран јаглен grade 1 има способност да апсорбира хемиски соединенија, вклучително и хлор, со што се подобрува вкусот и мирисот на водата.
- Инсталација и одржување: Imperial® Plus го поставува партнер на Camelot®, откако претходно ќе ве информира општо за водата и за одржувањето на уредот, што го прави идеално решение за домот.
2. Imperial® Shower – филтер за бања и туш
Imperial® Shower на Camelot® е специјално дизајниран да обезбеди чиста и безбедна вода за бањање и туширање. Овој филтер го отстранува хлорот и другите штетни супстанции од водата, заштитувајќи ги кожата и косата од иритации, сувост и други проблеми што ги предизвикуваат хлорот и другите хемикалии.
Карактеристики на Imperial® Shower:
- Повеќефазен систем на филтрација: Се состои од различни фази на филтрација што го отстрануваат хлорот, тешките метали и хемиските соединенија.
- Заштита на кожата и косата: Употребата на чиста вода без хлор помага во зачувување на природната влажност на кожата и косата, спречувајќи сувост и иритации.
- Лесна инсталација: Imperial® Shower го инсталира партнер на Camelot® на кој било туш.
Придобивки од употребата на филтрите за вода на Camelot®
Употребата на филтрите за вода на Camelot® нуди повеќекратни придобивки за здравјето и за нашето секојдневие:
- Подобрен вкус и мирис на водата: Филтрите отстрануваат 100% од хлорот и другите хемиски супстанции, подобрувајќи го вкусот и мирисот на водата.
- Заштита на здравјето: Отстранувањето на хлорот и тешките метали придонесува за намалување на ризикот од различни заболувања.
- Заштита на кожата и косата: Употребата на чиста вода во бањата и под тушот помага во зачувување на природната влажност на кожата и косата.
- Употреба: Филтрите на Camelot® се идеално решение за секој дом.
Како заклучок, изборот на филтрите за вода на Camelot®, како Imperial® Plus за чешма и Imperial® Shower за бања и туш, претставува паметно и ефикасно решение за отстранување на хлорот и подобрување на квалитетот на водата. Со овие филтри можеме да обезбедиме чиста, безбедна и здрава вода за нас и за нашето семејство во текот на цела година, придонесувајќи така за здрав и квалитетен живот со најнизок можен трошок.