Од фонтаните на половина Грција “тече” валкана вода (ТО ВИМА)
Нечиста вода консумираат жителите во половина од Грција според откривачката истрага на весникот “То Вима”.
Килкис / Флорина
Вештачки ѓубрива, пестициди, урбани и индустриски отпадни води кои доаѓаат од ПЈРМ го загрозуваат и Дојран и Преспите.
Серес
Вештачки ѓубрива, пестициди, урбани и индустриски отпадни води го загрозуваат Нестос.
Кавала/Ксанти
Вештачки ѓубрива, пестициди, урбани и индустриски отпадни води го загрозуваат Нестос.
Еврос
Индустриски отпад од Турција, урбани отпадни води од Бугарија и пестициди и вештачки ѓубрива од Грција го загрозуваат делтата на реката. Водата не е питка во многу области.
Керкира
Езерото во Темплони, како и подземните води, се загадени поради заситеноста на депонијата во регионот.

Солун
Акиос: Загаден седимент од фабриките на ПЈРМ се таложи на дното, се спушта со текот на реката и завршува во Термалскиот залив. Коронеија: Прекумерно црпење на водите и урбани отпадни води од дваесет индустрии ја убија езерото.
Халкидики
Арсеник во водоносниот хоризонт.
Ксанти
Езеро Вистонида: Ризик од еколошка катастрофа поради прекумерно црпење на водите, испуштање на пестициди и халофизација на водата.
Кардица
Нечиста вода неподобна дури и за домашна употреба, поради суша која доведува до опаѓање на нивото на езерото Пластира.
Илеа
Во изгорените области се регистрирани високи концентрации на бакар, цинк, олово, хром и арсеник, елементи кои долгорочно предизвикуваат сериозни здравствени проблеми.
Аркадија
Загадена вода со бактерии во пошироката област на Мегалополи, поради застарената мрежа.
Атика
Коротопи, Оропос: Хром(6) и други токсични супстанции. Триасио, Порто Рафти и Свети Апостоли: Загадување на водите од индустриски отпад. Маратона: Прекумерно црпење и пестициди го оптоваруваат подземните води. Кифисос: Тешки метали и други хемикалии го загрозуваат јавното здравје.
Виотија
Оинофита, Оинои, Авлида и други области: Хром(6) и токсични метали. Во многу области водата е неподобна дури и за капење.
Парниса
Неподобна за употреба вода поради пожарот кој го зафати Националниот парк.