Сонцето „убива“ флаширани
Сонце и флаширана вода не одат заедно. Високите температури ја менуваат амбалажата пренесувајќи токсини во водата.
Не пијам флаширана вода бидејќи не можам да бидам сигурен под кои услови е чувано шишето», вели за «NEA» професорот по Микробиологија на Храната на Факултетот за Наука и Технологија на Храната на Земјоделскиот Универзитет и член на Европската Агенција за Безбедност на Храната (EFSA) г. Георгиос Ниха. Тој дополнува дека ризиците за здравјето кога едно флаширано шише е изложено на високи температури се докажани. «Кога едно флаширано шише вода постојано е изложено на сонце, јасно станува опасно за здравјето. Поради високите температури се развиваат и размножуваат патогени микроорганизми».
Флаширана вода опасна за здравјето пијат грчките потрошувачи, главно во летните месеци. На илјадници продажни места низ цела Грција, шишињата флаширана вода се изложени на многу високи температури, под сонце, наместо да се чуваат на сенчени места, како што предвидуваат безбедносните стандарди.
Сонце и флаширана: Опасноста се зголемува во лето!
Опасни води. Во многу киосци шишињата се на тротоарот, изложени на сонце и не на сенчено место до 18°C, како што предвидуваат безбедносните стандарди.
Услови кои можат да ја изменат квалитетот на водата и да предизвикаат здравствени проблеми.