Експлозивен коктел од флаширани води (ТО ВИМА)
Опасни се флашираните води според нова истражување. Во последните осум години едно од десет примероци содржи голем број опасни патогени микроорганизми.
Опасните флашираните води содржат колиформи, псевдомонади и ентерококи.
Опасни патогени микроорганизми открија грчки научници во домашни флашираните води, кои беа подложени на микроскопска анализа во текот на осумгодишно истражување. Колиформите, псевдомонадите и други микроби „обогатуваат“ во неколку случаи водата што ја консумираме. Станува збор за „експлозивен“ коктел кој може да предизвика инфекции кај лица со ослабен имунолошки систем. Според нова, необјавена обемна студија на експерти од Универзитетите во Патра и Тракија, која денес ја презентира „То Вима“, 13,95% од примероците на флаширан минерална вода кои беа тестирани од 1995 до 2003 година не ги исполнуваат стандардите на грчкото законодавство.
Според истражувачите, главните „виновници“ за микробиолошкото загадување на флашираните води се опремата за флаширанје и особено температурата на складирање на флашираните води.
Извор: ТО ВИМА