SОS за водата во пластични шишиња (ТA НEА)
За водата во пластични шишиња научниците алармираат. Не без причина, имајќи предвид дека состојки од пакувањата предизвикуваат дури и хормонски нарушувања.
Пластичните шишиња во кои се пакува водата изгледа дека кријат ризици за здравјето, бидејќи германски научници утврдиле дека може да се предизвикаат хормонски нарушувања кај мажите.
Водата во шишиња веќе е обвинета за уништувањето што го предизвикува во животната средина. Ова се случува, бидејќи за производството на пластичните шишиња се трошат тони нафта и вода. Од ново истражување произлегува дека овие контејнери можат да бидат штетни и за здравјето, бидејќи водата што се пакува во пластика содржи двапати повеќе хормони од онаа од чешма или онаа што се пакува во стаклен контејнер. Со други зборови, изгледа дека пластиката ослободува во водата состојки што предизвикуваат хормонски нарушувања. Последиците од консумацијата во многу мали дози сè уште не се познати, но постојат сомневања дека предизвикуваат нарушувања во сексуалната и репродуктивната функција на мажот.